Факти за љубовта

Љубовта претставува најголема светлина во животот на луѓето. Секој од нас знае дека таа го зголемува квалитетот на нашето постоење. Ако сè уште меѓу вас постојат такви кои не веруваат во ова, прочитајте ги следниве интересни научни факти за љубовта, кои ја докажуваат оваа теорија.
1. Најстарата љубовна песна е напишана пред 4.000 години, а потекнува од областа помеѓу реките Тигар и Еуфрат.
2. Заљубувањето предизвикува смирувачки ефекти на телото и умот, помага во обновување на нервниот систем и ја подобрува меморијата на личноста која е заљубена.
3. 65% од луѓето кога се бакнуваат ја навалуваат главата на десно, за да го избегнат удирањето со носовите.
4. На секоја петта долготрајна љубовна врска, двајцата партнери кога ја започнале, истовремено биле и со друг/друга.
5. Жените кои читаат љубовни романи имаат два пати повеќе секс, од оние кои не читаат.
6. Човекот во просек поминува околу 2 недели од животот во бакнување.
7. Секојдневно во светот се случуваат околу 120 милиони сексуални односи.
8. Силното чувство на заљубеност може да предизвика исто ниво на стрес, како кога чувствуваме голем страв. Телото реагира на ист начин: зениците се прошируваат, дланките се потат и срцето почнува побрзо да чука.
9. Според неодамнешно истражување, меѓународниот аеродром во Филаделфија, е прогласен за аеродром број 1 според тоа колку љубовни конекции се создале таму.
10. Мажите кои наутро ги бакнуваат нивните жени, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.
11. Откриено е дека 85% од мажите кои умреле од срцев удар во текот на сексуалниот однос со нивната сопруга, имале афери со други жени.
12. Традицијата момчето да и стави дијамантски прстен на својата девојка на денот кога ќе ја запроси, потекнува од 15 век, кога Аркдјук Максимилијан од Австрија, и дал прстен со дијаманти на својата свршеница Мери од областа Бургундија.
13. Луѓето кои се тазе вљубени лачат помало ниво од хормонот серотонин. Нивото е толку ниско, како кај луѓето кои имаат опсесивно–компулсивно нарушување. Можеби тоа е причината зошто луѓето лесно се опседнуваат со луѓето во кои се заљубени.
14. Брадата кај мажите расте побрзо, ако претчувствуваат дека набргу ќе имаат секс.
15. Според математичката теорија, треба да се забавуваме со околу 12 луѓе, пред да избереме партнер за долга врска, бидејќи на тој начин шансите се големи дека ќе го направиме најдобриот можен избор.
16. романтичната врска ги прави и мажите и жените посреќни. Колку е нивната врска поцврста, толку е поголема среќата на партнерите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.