Обожавателите на култниот божикен филм „Home Alone“ дури неодамна ја забележаа клучната причина поради која родителите го забораваат малиот Кевин пред да заминат на патување, а многумина беа шокирани што им беа потребни дури 32 години.
Гледањето на божикниот филм „Home Alone“ со години е неизоставен дел од одбележувањето на овој празник, иако поминаа повеќе од 32 години од неговото прикажување.
Се чини дека на обожавателите на момчето Кевин им требаа точно 32 години да ја забележат причината зошто тој останува сам дома и е заборавен од родителите.
Видеото објавено на TikTok го истакна токму овој детаљ, а многумина беа прилично изненадени што не го забележаа порано.
Споделувајќи клип од Питер, таткото на Кевин, како го собира ѓубрето и го фрла в канта, на видеото е наведено: „Го гледав филмот ‘Home Alone’ сите овие години и не знаев дека таткото го фрлил на билетот на Кевин“.
Нормално, бидејќи кога на аеродромот целата фамилија се чекира за да се качи на авион, ниту еден пасош не останува неискористен, па затоа и не приметуваат дека некој недостасува. Пасошот на Кевин наместо на шалтер е в канта, а Кевин спие дома.
Во коментарите под видеото, многумина изразија чудење и шокираност од сцената што ја гледале толку пати, но не го забележале овој клучен детаљ.
„Го гледав пред седум дена и само што го забележав истото, тотално лудо“, изјави еден фан на филмот.