Фановите шокирани! Џејла Рамовиќ во врска со кикбоксер од Нови Сад? Се гледаат со месеци на тајни места, а се уште се свежи шпекулациите за Марија Шерифовиќ!?

Пејачката повторно е во центарот на вниманието поради приказните за нејзиниот љубовен живот.Џејла Рамовиќ (22) наводно е во врска со кикбоксер од Нови Сад, со кој со месеци оди на различни дестинации.Тие, наводно, пред неколку дена биле во Истанбул, уживале на крстарење по Босфорот, а на Инстаграм објавиле фотографии и видеа на кои не се заедно.Кикбоксерот позираше на брод со маж, а Џејла само сподели снимка од галебите и панорама на Истанбул.Пред Истанбул биле во Тајланд, а во јули минатата година наводно биле и на хрватското приморје, но во поголема компанија, тврди Курир.На некои страници можеше да се прочита како Џејла и кик-боксерот наводно живееле заедно, и тоа во Барселона, каде пејачката престојувала поради своето образование.Џејла во февруари за Ало ги коментираше гласините за типот на врската и дружењето со кик-боксерот:– Уживам во дружењето со луѓето што ги сакам. Имам одлично друштво, патуваме, излегуваме и го поминуваме слободното време заедно. Друштво како и секое друго! Не ми е јасно некој да ме праша зошто некој ми е пријател. Освен тоа, немам намера да ги изложувам моите пријатели на стрес и да ги претставам во јавноста.Да потсетиме, со години се зборуваше и пишуваше за наводната емотивна врска меѓу Џејла и Марија Шерифовиќ, со која се зближила бидејќи Марија и била ментор во Звезде Гранда.Не еднаш, Џаила била снимена како влегува во самата зграда во која живеела Марија. Ниту една од нив никогаш отворено не го коментирала ова.

Пронајдете не на следниве мрежи: