Фатени живи во измама на целиот народ: Еве како Владата пресмета дека го „намалиле“ јавниот долг!

Владата манипулира со податоците за јавниот долг. Ова е ставот на дел од економистите по изјавите дека тој се намалил и сега изнесува 57, 7 отсто од БДП. Аналитичарот Јовановиќ вели пресметката е направена врз основа на нивна претпоставка дека годинава БДП ќе порасне за 8 отсто, нешто што смета дека е невозможно и нереално. Тврди дека Владата се обидува да прикаже намален јавен долг, во период кога тука нема никакви промени.

Владата манипулира со податоците на јавниот долг затоа што за првиот квартал на 2025 година нема податоци за БДП и тие користа нивна проекција која што е благо кажано напумпана односно дека БДП во 2025 година ќе порасне за 8 отсто во однос на 2024 година и поради тоа испаѓа дека јавниот долг во процент од БДП се намалува. Ако се погледне во апсолутен износ јавниот долг е ист односно 9, 6 милијарди евра, вели Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за меѓународни економски студи.

И на страната на финансии за состојбата на јавниот и државниот долг заклучно со март стои дека за БДП се зема проекцијата на Министерството за финансии. Нивните очекувања се дека во 2025 тој ќе биде 3,7 отсто, иако проекциите на Светска банка и ММФ се пониски.

Според, Јовановиќ, ваквата пресметка на јавен долг не е нова и се правела и порано. Ова според него се случува за да се прикаже нешто добро во време кога ништо посебно не се случува во македонската економија.

Им треба добра економска вест и користат вакви финти за да генерираат добра економска вест со тоа што не е ова еклатантно лажење, не лажираат податоци но на некој начин малку ги филуваат малку ги фризираат и на тој начин генерираат фина вест, додава Јовановиќ.

Од Владата пак соопштија поради преземените мерки во првиот квартал јавниот долг паднал и во проценти и во апсолутна бројка. Односно се намалил за 36 милион евра и споредено со крајот на 2024 кога бил 62,4, сега изнесува на 57, 7 отсто од БДП.

Исто така, во јавниот долг освен државниот влегуваат и долговите на јавните претпријатија општините институциите во држава сопственост, кој според последните податоци на финансии изнесува над 650 милиони евра. Овој долг континуирано расте.

Извор: Телма

Пронајдете не на следниве мрежи: