Фатен жив на камера како вади пари од каса од месарница во Велес

На социјалната мрежа фејсбук е објавено видео снимка од безбедносна камера во месарница во Велес на која жив е фатен крадец кој ладнокрво краде пари од касата.

Велешани коментираат на објавата дека крадецот бил добро познат и на вработените во тамошните маркети, како и на полицијата, но за жал ништо не се преземало за негово приведување.

Некои дури на шега велат дека од ваквите видео снимки со истиот крадец може цел документарен филм да се состави.