Фајзер објави важна информација за вакцината

Фајзер“ и „Бионтек“, двете компании чија вакцина е засега единствената која се употребува во земјите членки на ЕУ, предупредуваат дека не може да се гарантира ефикасноста на вакцината, ако втората доза не биде примена на 21. ден од првата доза.
Нивната реакција следи по одлуката на властите во Данска, поради недостигот на вакцини да го пролонгираат рокот за примање на втората доза и најавите дека за истото размислува и Германија.
Двете компании укажуваат дека имаат клинички докази, според кои, само во таков случај организмот е заштитен од коронавирусот.
По тој повод и Европската Агенција за лекови вечерва извести дека треба да се почитуваат роковите меѓу дозите, во спротивно тоа би било кршење на дозволата за нејзина употреба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.