„Фајненшл тајмс“: ЕУ бара начин да ги раскине договорите за гас со Русија без да плаќа пенали

Европската унија бара начини да ги откаже договорите за гас со Русија без да плаќа пенали, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори.
„Брисел ги истражува правните опции кои ќе им овозможат на европските компании да ги раскинат долгорочните договори за снабдување со руски гас без да ѝ плаќаат големи казни на Москва“, пишува весникот.
Како што се посочува, ова прашање се разгледува како дел од патоказот за напуштање на руските енергетски ресурси.

Работата на ова прашање во јануари ја најави претставничката на Европската комисија, Ана-Каиса Итконен. Според неа, еврокомесарот за енергетика требаше да го претстави документот во првите сто дена од работата на ЕК од 1 декември или во првата половина на март. Еден ден претходно, Блумберг објави дека планот ќе биде објавен на 6-ти мај.
Москва постојано нагласува дека европските земји направиле сериозна грешка кога се откажале од купување на нејзините енергетски ресурси. Во исто време, како што истакна Путин, Русија не одбива да ја снабдува Европа со гас.

Пронајдете не на следниве мрежи: