Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наметнува мировен договор за Украина без безбедносни гаранции, пишува „Фајненшл тајмс“.
„Бизнисната природа на Трамп, неговата желба да избегне војни и неговото непочитување на демократските сојузници ќе ги наведат САД да придонесат за постигнување значајни договори со Русија и Кина… Америка ќе се фокусира на воспоставување доминација во својот регион, покорување на Канада и Мексико со намера да ги преземе Панамскиот канал и Гренланд Трамп ќе ја принуди Украина на Мировен договор без безбедносни гаранции Тој ќе ги ублажи санкциите кон Русија и со задоволство ќе се сретне со Путин на вечерата за Денот на благодарноста во Мар-е-Лаго“, пишува весникот.
Во написот се додава дека ставовите на Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се слични.
Да потсетиме, Трамп за време на изборната кампања како еден од своите приоритети го постави решавањето на украинската криза.



