Фенг шуи совети за да привлечете среќа на најлудата ноќ!

Оваа година не претерувајте со декорирање на празничната трпеза – одлучете се за нешто поедноставно.
За само три денови ќе ѝ посакаме добредојде на новата, 2021-ва година.
Иако оваа година ќе ја дочекаме во помало друштво од што сме навикнати, причините за да ја дочекаме свечено, со среќа и надеж да биде значително подобра од претходнава – можеби се посилни од било кога.
Како ќе ја дочекаме новогодишната ноќ во удобноста на нашите домови – посебно внимание посветуваме на новогодишната трпеза. Што е пожелно да има на неа, а што никако не смее да се најде таму – Фенг шуи открива!
1. Многу храна на трпезата
Ова можеби е најпознатата одлика на новогодишната трпеза. Се верува дека колку повеќе храна има на новогодишната маса, толку повеќе среќа ќе има наредната година за семејството. Според кинеската астрологија, 2021-ва година е година на Биволот, па затоа дополнително треба да се потрудиме на трпезата да има изобилство од храна.
2. Зеленило, овошје и зеленчук
И овој совет се однесува на годината на Биволот. За да го ‘смириме’ Биволот’, наводно треба да ставиме многу овошје и зеленчук на новогодишната трпеза, советуваат источните експерти на Фенг шуи.


3. Риби и избор на месо
Колку помалку месо толку подобро, кога станува збор за овогодишната празнична трпеза, по секоја цена треба да избегнувате говедска или телешка храна, повторно поради Биволот. Колбасите исто така не се препорачливи на новогодишната трпеза.
4. Едноставна храна
Колку помалку состојки содржи храната, толку подобро. Биволите сакаат едноставност.
5. Компир и мешунки
Обожуваните намирници на Биволот треба да се најдат на новогодишната трпеза. Користете ги како прилози или додадете салати.
6. Житарици и ритуал за привлекување пари
Ориз, просо, јачмен, исто така може да се користат како прилози, но ако не ги сакате, треба да ставите на масата барем една чинија со ориз. Не заборавајте во неа да ставите неколку парички – ова е најпознатиот источен ритуал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.