Алекс Фергусон во летниот преоден рок дополнително ќе го засили тимот, а според англиските медиуми менаџерот на Манчестер Јунајтед е подготвен да потроши 120 милиони фунти.Според истите извори Фергусон од сопствениците на клубот ќе добие сума од 50 милиони фунти, додека преостанатите 70 милиони фунти ќе ги обезбеди со продажба на неколкумина фудбалери.Извесно е дека во летниот преоден рок „Олд Трафорд“ ќе го напуштат Бразилецот Андерсон и Португалецот Нани, а блиску до заминување е и Мексиканецот Чичарито Хернандез.Фергусон нема намера да го продаде Мексиканецот, но тој е незадоволен од статусот во тимот, оваа сезона бил стартер на само седум натпревари.Фергусон, наводно бил заинтересиран во клубот да го врати Кристијано Роналдо, но Португалецот има уште две години од договорот со Реал и тешко е да се верува дека ’кралскиот клуб’ ќе се реши да се откаже од услугите на својот најдобар играч и стрелец.Она што може да му ја олесни работата на Фергусон е фактот што Роналдо одбива да го продолжи договорот со Реал.
МакфаксАлекс Фергусон во летниот преоден рок дополнително ќе го засили тимот, а според англиските медиуми менаџерот на Манчес