Макс Ферстапен каде што застана минатата веднаш продолжува во новата сезона во Формула 1. Актуелниот шампион триумфално ја отвори и новата сезона победувајќи на трката за Големата награда на Бахреин.
Ферстапен почнувајќи од пол-позицијата тотално доминираше и на денешната трка, без апсолутно никакви проблеми доаѓајќи прв до целта.
Второто место го освои неговиот клупски колега, Серхио Перез со што ја комплетираше еден-два победата за Ред Бул на првата трка.
Шарл Леклер кој стартуваше како втор заврши на четвртата позиција, а пред него беше вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц кој заврши на третото место.
Во топ десет на стартот од новата Ф1 сезона завршија и Џорџ Расел, Ландо Норис, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.