Фестивал во Сиднеј со трагичен епилог

На музички фестивал во Сиднеј 19-годишно момче почина, а три лица се во критична состојба, откако конзумирале преголема доза дрога, соопшти локалната полиција. Една жена на 19, а друга на 25 години и маж, чија возраст се уште не е позната, се примени во болница во критична, но стабилна состојба, откако се онесвестиле за време на настанот во Олимпискиот парк во Сиднеј, на кој присуствувале 18.000 луѓе. Полицијата соопшти дека на вчерашниот фестивал лекарска помош побарале вкупно 130 лица, а обвиненија се покренати против 25-годишен маж и 18-годишна жена кај кои е пронајдено големо количество екстази.

Пронајдете не на следниве мрежи: