Министерот за здравство Азир Алиу вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 не даде конкретен одговор на прашањето во врска со министерот Арбен Фетаи односно дали истиот зема плата како заменик-претседател на Владата иако не оди на работа.
Алиу истакна дека нема информации кој се наоѓа на платниот список, бидејќи не е генерален секретар на Владата.
На прашањето пак дали ВЛЕН побарале Фетаи да биде разрешен, Алиу рече дека во овој период не се занимаваат со прашања надвор од нивниот фокус, бидејќи, како што нагласи, вложуваат значителна енергија во создавање на модерна политичка партија, поразлична од другите во Македонија.
„По 9 мај ќе имаме политички субјект кој ќе биде пример не само во Македонија, туку и пошироко“, изјави Алиу.



