Фетел доминатен на првите тренинзи

Трикратниот светски првак, Себастијан Фетел, имаше најбрзо време на првите тренинзи, во пресрет на трката за Големата награда на Австралија, со кои стартува новата сезона во шампионатот на Формула 1.

Актуелниот светски првак, во болидот на Ред Бул, најбрзиот круг на патеката Алберт Парк во Мелбурн го извозе со време од 1:25.908 минути. Веднаш до Фетел беше неговиот клупски колега, миленикот на домашната публика Марк Вебер, ќе време беше за две ипол десетинки послабо од она на Германецот. Зад возачите на Ред Бул се пласира Нико Розберг на Мерцедес кој имаше послабо време од Фетел за четири десетинки. Првите тренинзи на Алберт Парк, сите тимови ги искористија за да го испитаат трошењето на пневматиците, што ќе им биде од голема корист на неделната трка. Сепак првиот впечаток е дека Ред Бул и понатаму е пред конкурентите Ферари, Лотус и Мерцедес. На првите тренинзи Мекларен не импресионира со своите резултати, Џенсон Батон и Серхио Перез имаа речиси две секунди послабо време од Фетел. Квалификациите за трката на ГН на Австралија ќе се возат во сабота со почеток во 7 часот, во истиот термин во недела ќе се вози првата трка во годинешниот шампионат на Формула 1.
Makфакс
Трикратниот светски првак, Себастијан Фетел, имаше најбрзо време на првите тренинзи, во пресре

Пронајдете не на следниве мрежи: