Актуелниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, рекол дека веројатно повторно би игнорирал тимска наредба, исто како што стори на трката за Големата награда на Малезија.
Фетел на патеката „Сепанг“ го мина тимскиот колега Марк Вебер иако од боксот му беше сугерирано да не го прави тоа. Подоцна Фетел победи, а Вебер поради тоа не е во добри односи со фетел и со челниците на тимот, бидејќи не го казниле светскиот првак. Запрашан дали повторно би го сторил тоа Германецот решително одговорил: „Не сум сигурен дека сега можам да одговорам на тоа прашање, бидејќи може да биде погрешно протолкувано, но веројатно би го направил истиот потег. Не сакав да игнорирам наредба на тимот. Го слушнав, но не го разбрав онака како што требаше. Подоцна се извинив. Доколу го разберев и размислев подобро, дека Марк треба да остане на првото место, немаше да го сторам тоа, затоа што Марк не заслужи да победи.“ Фетел дополнил дека ’индиректно’ го казнил Вебер затоа што не му помогнал на последната трка во мината сезона, кога тој се борел за титулата со Фернандо Алонсо. „Никогаш не сум добил поддршка од него. Екипата ме поддржува, мислам дека двајцата сме подеднакво моќни. го почитувам Марк како возач, но во минатото неколку пати можеше да му помогне на тимот, а тој не го стори тоа“, дополнил светскиот првак. Шампионатот во Формула 1 ќе продолжи претстојниот викенд, кога в недела, во Шангај ќе се вози трката за Големата награда на Кина.
Макфакс
Актуелниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, рекол дека веројатно повторно би игнорирал