Фејсбук ги забранува рекламите за „лечење коронавирус“

Фејсбук ги забранува рекламите за лекови со кои се ветува дека се лечи коронавирусот или што поттикнуваат паника околу епидемијата. Ова е најновиот обид на социјалната мрежа да ги спречи дезинформациите.
Технолошкиот гигант соопшти дека сега забранува рекламирање што создава „чувство на тревога“ за болеста ковид-19, предизвикана од новиот коронавирус, како и оние што „навестуваат ограничена снабденост, или гарантираат лек или превенција“.


Тука се и рекламите со тврдења дека маските за лице се стоотстотна гаранција дека ќе се спречи ширењето на вирусот. Правилата се однесуваат и на оние што се обидуваат да продаваат слични производи на платформата Маркетплејс на социјалната мрежа.
Фејсбук веќе почна да се бори со објавите што промовираат лажни чудесни лекови за коронавирус, како што се лажните сугестии дека пиењето белило е решение.
„Иако им дозволуваме на луѓето да купуваат и да продаваат маски на Фејсбук, ние внимателно ја следиме оваа група“, рече портпаролот на мрежата. „Неодамна воведовме забрана на реклами што се однесуваат на коронавирусот и на создавање чувство на тревога, како на пример да се навестува ограничена снабденост или гарантирање на лек или превенција.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.