Фејсбук и Инстаграм воведуваат промени кои ќе им овозможат на корисниците подобро да го контролираат нивното користење, односно своето време поминато на тие социјални мрежи.
Фејсбук и Инстаграм ќе добијат посебна “контролна табла” на која корисникот во секој момент ќе може да види приказ на времето кое го поминал на една од тие социјални мрежи.
Алатките ќе им овозможат на корисниците да го постават својот дневен временски лимит, како и привремено да ги исклучат известувањата кои им ги испраќаат овие социјални мрежи.
Новата алатка е наречена “Your Time on Facebook” и “Your Activity”, на Инстаграм. Овие опции се создадени како одговор на критиките за создавање на зависност од социјалните мрежи. Временскиот потсетник ќе се појави тогаш кога апликациите ќе препознаат дека корисниците предолго се задржуваат на овие платформи.
Алатките “Your Time on Facebook” и “Your Activity” би требало да станат достапни на Фејсбук и Инстаграм ширум светот во наредните неколку недели.