Фејсбук преплавен со честитки за Законот за јазици

Објавувањето на Законот за јазици во Службен весник, со кој албанскиот е втор службен јазик на целата територија на Македонија синоќа на Фејсбук го прослави речиси цела ДУИ.
По постот на претседателот на Собранието Талат Џафери на Фејсбук дека Законот е објавен во Службен весник, честитки испратија лидерот на партијата Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Осмнани, пратеникот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши и вицепремиерот Хазби Лика.
Али Ахмети напиша – Ветивме, остварувме, а пратеникот Артан Груби ги наброја столбовите кои ги ветила ДУИ.
– Интаграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, системски реформи, ветено сторено.
Бујар Османи сподели колку е горд со зборовите – Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети, а вака Хазби Лика им честиташе на сонародниците- Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.