Фејсбук сака да го сокрие бројот на „лајкови“

Истражувачи на апликации пронашле во Андроид Фејсбук – код опција, која ги сокрива бројот на лајкови, баш како што тоа планира да го направи Инстаграм.
Со активација на овој код се сокрива бројот на лајкови за сите, освен за оној кој го објавил статусот. Сите останати ќе видат само неколку лајкови од своите пријатели и дека и останатите ја лајкувале објавата, но не и колку точно лајкови има.

Фејсбук после ова откритие потврдиле за медиумите дека навистина планираат да спроведат тестирање за сокривање на лајковите од Фејсбук објавите, но тестот сè уште не почнал.
Во зависност од реакциите на корисниците, Фејсбук би го унапредил овој систем и на крајот ќе го пушти кај сите или ќе го отфрли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.