Фејсбук укина повеќе десетици илјади апликации

Компанијата Фејсбук соопшти дека суспендирала „десетици илјади“ апликации кои ги направиле 400 програмери, во рамките на истрагата со скандалот за проследување лични податоци на корисници на оваа мрежа на консултантската компанија „Кембриџ аналитика“.
Соопштението е објавено истиот ден кога правните документи во Масачусетс открија дека Фејсбук укинал 69.000 апликации.


Во повеќето случаи, сепак, укинувањето не следувало после сериозни истраги, туку затоа што програмерите на апликациите не успеале да одговорат на барањата за бараните информации.
Од март 2018 година, Фејсбук почна да се занимава со апликации кои имаат пристап до податоци на корисниците, откако беше откриено дека компанијата Кембриџ Аналитика на тој начин користела приватни податоци на милиони корисници во обид да влијае врз изборите во САД.
По избувнувањето на скандалот, Фејсбук беше изложен на посебно внимание на американската и европските влади, а извршниот директор Марк Закерберг сведочеше пред Конгресот.
Фејсбук објави дека истрагата е во тек и оти до сега се прегледани милиони апликации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.