„Фејсбук“ ќе отпушти 10 илјади вработени – еве и зошто

Компанијата „Мета“, сопственик на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, објави дека планира да отпушти 10.000 работници. Тоа ќе биде втор бран масовни отпуштања од технолошкиот гигант, кој отпушти 11.000 вработени во ноември минатата година.

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, рече дека новите намалувања ќе бидат „тешки“. Заедно со укинувањето на 10.000 работни места, непополнети ќе останат и 5.000 слободни работни места во компанијата, додаде тој. Во меморандумот што Закерберг го испрати до вработените, тој напишал дека компанијата претрпе „понизно будење“ во 2022 година, кога доживеа драматично забавување на приходите, јавува „Би-Би-Си“.
Во моментов, кризата ги погодува сите големи технолошки компании, вклучувајќи ги „Гугл“ и „Амазон“, бидејќи се борат да ги балансираат трошоците додека се обидуваат да останат конкурентни. „Амазон“ објави претходно оваа година дека планира да укине повеќе од 18.000 работни места поради „неизвесната економија“ и брзото вработување за време на пандемијата, додека матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“ отпушти 12.000 работници.

Според „лајофс.фји“, кој ги следи загубите на работни места во технолошкиот сектор, повеќе од 128.000 работни места се укинати во технолошката индустрија досега во 2023 година.
„Очекуваме да објавиме реструктуирање и отпуштања во нашите технолошки групи кон крајот на април 2023 година, а потоа и во нашите деловни групи кон крајот на мај 2023 година“, напиша Закерберг во вчерашниот меморандум до вработените.

„Во мал број случаи, може да потрае до крајот на годината за да се завршат овие промени. Нашите временски рокови за меѓународните тимови исто така ќе изгледаат поинаку и локалните лидери ќе бидат во контакт со повеќе детали“, додаде тој.
Многу компании како „Мета“ најмногу ги заработуваат парите од реклами. Но, сега нивните приходи од реклами се намалуваат бидејќи трошоците на огласувачите се зголемени, а исто така и базата на корисници, која има помалку пари за трошење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.