Фидан: Во тек се подготовки за средба меѓу Ердоган и Трамп

Турскиот министер за надворешни работи изјави дека во тек се подготовки за состанок помеѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолија.– Работиме на тоа да утврдиме дали средбата ќе се одржи во САД или во Турција, изјави министерот Хакан Фидан пред новинарите на дипломатскиот форум во Анталија, турски туристички центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: