Сигурно ви е позната ситуацијата во која со пријателите коментирате нечив физички изглед или атрактивност.
Воглавно, мислењата не секогаш ви се совпаѓаат. Вкусовите се различни и една личност ако на некого му е привлечна, на друг може да му биде потполно неприметна. Па затоа, на што се базира привлечноста, ако не на физичкиот изглед?
Многу социолошки и психолошки истражувања покажале дека привлечноста е многу повеќе од физички изглед на некоја личност. Еве во што сè се крие „хемијата“.
Квалитетна смисла за хумор
Неопходно е некоја личност да умее да ве насмее, за да ви се допадне. Добрата смисла за хумор е една од основните особини кои мора да ги има личноста, карактеризирана како посакувана.
Способност да ви го здржи вниманието
Најпосакуваните личности се во состојба да го задржат вашето внимание со часови. Екстровертните луѓе се многу попривлечни за разлика од интровертните.
Доколку хуморот, шармот и убавиот разговор се карактеристиките што ја красат една личност, физичкиот изглед е во втор план, а привлечноста се гради исклучиво врз харизмата и самодовербата.