среда, 25 ноември 2026
Најново

Филипче: Асимптоматски се 75% од сите случаи со коронавирус, носете маски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за здравство Венко Филипче повторно упати апел да се носат маски, со укажување дека 75 проценти од сите случаи на Ковид-19 немаат симтоми и може да го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа.
-Дури 75 проценти од сите случаи на Ковид-19 се асиптоматски, односно немаат симптоми. Тоа значи дека тие може да го пренесуваат вирусот без воопшто да бидат свесни за тоа. Затоа е важно сите да носиме маски и да бидеме сигурни дека и асимптоматските носители не го шират вирусот. Со носењето маска се штитиме себе, но пред сѐ другите. Личната одговорност и свесност е клуч во борбата со пандемијата, а маските докажано се успешни во спречувањето на ширење на вирусот. #НосамМаска, напиша Филипче на Фејсбук

Поврзани вести