Филипче: Влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата
Категорично сум на ставот дека не одобрувам било какво групирање за празниците и апелирам на доследно придржување на препораките” изјави министерот Венко Филипче коментирајќи ги најавите за велигденските празници.
Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата, бројот на заразени очекувано расте и не смееме да дозволиме да се јават нови заразени од оние очекуваните.
Секое групирање е огромен ризик, апелирам граѓаните ова да го сфатат многу сериозно и празникот да го прослават соодветно со состојбата и да се придржуваат на препораките – потенцираше Филипче.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.