Филипче: Ги подготвивме новите бомби 2.0, утре ќе има нова

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес на прес-конференција најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата. Овој фронт, како што рече Филипче, вклучува две големи иницијативи, кои означуваат нова фаза во борбата против криминалот, корупцијата и криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ.

Првата иницијатива се однесува на повикот европската обвинителка Лаура Ковеси да ја посети Македонија, бидејќи како што рече Филипче, на владините институции кои се заштитници на криминалот не може да им се верува.

„СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеси да ја посети Македонија, за лично да се запознае со злоупотребата што ВМРО-ДПМНЕ ја прави со европските средства, вклучително и програмата ИПАРД, која веќе е очигледно изложена на ризик од 130 милиони евра“, рече Филипче.

Втората иницијатива се однесува на таканаречениот антикорупциски тим на СДСМ, кој е дел од програмата „Нова сила“, а е составен од советници, експерти од областа на правото и финансиите.

„Тимот за борба против корупцијата е еден од столбовите на оваа нова програма. Тие ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентираат на јавноста и ќе ги откриваат сите коруптивни шеми на оваа криминална влада. Ќе поднесеме релевантни извештаи до националните и меѓународните институции“, рече Филипче.

Филипче повтори дека СДСМ ќе продолжи редовно да објавува корупциски скандали поврзани со владата и дека борбата против корупцијата во владата продолжува.

„Ги подготвивме новите бомби 2.0, најавувам дека утре ќе има нова. Нов скандал, нова корупциска шема се членови на владејачката партија. Имаме докази за сè, имаме документи, ќе ги презентираме на јавноста“, нагласи Филипче.
The post Филипче: Ги подготвивме новите бомби 2.0, утре ќе има нова appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: