Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до православните христијани во земјава кои денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
– На овој најрадосен празник за веста на раѓањето Христово, на сите граѓани кои го слават празникот им посакувам искрени желби за здравје, среќа и благосостојба. Бадник не потсетува дека токму сега е време да бидеме сè поблиски, посложни и поединствени, вели тој во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.
Нека трпезата биде исполнета со љубов, смеен мир, а срцата со радост и надеж за поубави денови, вели Филипче.
– На овој ден да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина и поперспективно општество за сите нас. Нека е за многу години денешниот празник Бадник!, вели Филипче во честитката.