Филипче доби четиригодишен мандат како претседател на СДСМ

На денешните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ е избран актуелниот лидер Венко Филипче.

-18.140 члена гласаа за нов претседател на СДСМ, со единствен пријавен кандидат, актуелниот лидер, Венко Филипче. Тој добил 18.001 глас, а имало 139 неважечки ливчиња, соопшти Бранко Георгиевски – претседател на Централната изборна комисија од партиското седиште.

„Му честитам претседателот Венко Филипче за четири годишниот мандат“, рече Георгиевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: