недела, 29 ноември 2026
Најново

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на граѓанска во Струга рече дека богатството на Македонија е во соживотот, а вистински пример за соживот е Струга. Тој под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ испрати пораки дека верува дека стружани знаат да ја изберат вистинската страна и да покажат дека подеднакво треба да се негуваат негуваат различните култури и традиции и дека секој човек заслужува убав и достоинствен живот.

„Нашиот дом не е само куќата во која живееме. Нашиот дом е нашата улица, нашето маало, нашиот град, нашата Македонија. И кога велиме „се бориме за нашиот дом“, тоа значи дека се бориме за достоинствен живот за секој граѓанин, за секое семејство, за секое дете. Нашата сила е во единството и заедно можеме да направиме промени. Денес повеќе  од било кога, иднината е во рацете на вас граѓаните“ рече Филипче.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој на трибината зборуваше за состојбата на државата во која владата не понуди решенија за скапиот живот на граѓаните туку ги остави сами да се снаоѓаат како знаат и умеат. Држава без проекти и влада без резултати, затоа тој порача дека промени се неопходни, а сега е вистинското време тие да се случат. 

„Да се  избориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите“, им порача Филипче на стружани.

Поврзани вести