Филипче: Мицкоски го призна својот неуспех, најавениот бојкот е пораз на погрешните политики

„Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба“ вели во објава на Фејсбук претседателот на СДСМ – Венко Филипче.

„Најавениот бојкот е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо и не преземаа ништо, сега ќе давале поддршка на бојкотот на маркетите. Граѓаните не се наивни и добро знаат кој е одговорен за состојбата. Точно знаат кој ги водеше лажните ПР кампањи со кошничките со кои цените не само што не се намалија, туку и пораснаа. Во целата брзоплетост повторно да спечалат некој политички поен, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сфаќаат дека во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба. Сега имаме невиден парадокс каде власта ќе протестира против сама себе. Ова е Монти Пајтон политика на Влада која изгубила контакт со реалноста после само осум месеци владеење. Мицкоски не го интересираат граѓаните и ова го докажува секој ден“ – наведува Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.