недела, 29 ноември 2026
Најново

Филипче: Мицкоски се однесува како премиер, судија и обвинител во исто време

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанскиот форум во Делчево остро ја критикуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, целосниот колапс на судскиот систем и разочарувањето на очекувањата на граѓаните.„Граѓаните со нетрпение ја очекуваа долговетуваната правда и владеење на правото на ВМРО-ДПМНЕ. Но, наместо правда, видовме селективна правда, скандали со унапредувања на судии и обвинители. Само се зборува за реформи – не е донесен ниту еден закон од реформската агенда. Судскиот систем е оставен сам на себе“, изјави Филипче.Тој остро реагираше и на политичкиот пристап на премиерот Христијан Мицкоски, за кого рече дека се однесува како премиер, судија и обвинител во исто време.„Го слушам Мицкоски како излегува на митинзи и зборува за правда и одговорност. И знаете што е најтажно? Истото го слушнавме и пред изборите – истата реторика, истите ветувања. По локалните избори, тој рече дека лично ќе се занимава со обвинителството и судството. Значи, премиер, судија и обвинител – сè во едно. Тој ги назначува, разрешува, оценува судиите и обвинителите и на крајот одлучува дали нивната плата е заслужена или не“, рече Филипче во својот говор во Делчево.Тој додаде дека оваа ситуација е продолжение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кои со години го злоупотребуваат судството за партиски интереси.

Поврзани вести