Филипче најави за идната недела 500.000 маски и 20.000 тестови

Како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот. Следниве денови ќе добиеме дефинитивен одговор и од Амбасадата на Кина, од која побаравме донација пред неколку недели, рече на прес конференцијата Филипче.

Новодијагностицирани со коронавирус во последните 24 часа се 24 пациенти и тоа во Скопје (15), Куманово (четири), Дебар (два), Охрид (еден), Штип (еден), Тетово (еден), има пациент поврзан со Кожната клиника во Скопје, со што вкупниот број дијагностицирани со коронавирус денеска до 12 часот изнесува 201 лице.

Пациент од Дебар и една пациентка од Скопје, по извршени два последователни тестови кои биле негативни на коронавирус, се пуштени на домашно лекување, со што бројот на излечени лица во земјава е 3. Добра е состојбата на пациентите во Штип, кои се во стабилна состојба без тешка манифестација на формата на болеста.

КОРОНАВИРУС: 24 нови заразени во Македонија денеска!

Состојбата во Македонија вчера:

КОРОНАВИРУС: Се влошува состојбата во Србија, нови 73 заразени

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.