Филипче: На сметка од донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари

Филипче: На сметка од донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари

Голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

„На наменската сметка на Министерството за здравство за донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари. Донациите во опрема и добра за вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции.

Особена благодарност упатувам за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот“, напиша Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.