Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека вистинската причина за блокирање на европскиот пат не се уставните измени, туку дека ВМРО-ДПМНЕ не сака контрола од европското обвинителство.
Филипче нагласи дека нема опасност од промена на Уставот, а зад наративот на ВМРО-ДПМНЕ за наводни национални опасности лежи целта на владеење без контрола, контрола на судството, вршење притисок врз медиумите, контрола на сите институции со нивните партиски кадри, наредување одлуки и објавување процеси на телевизија, за да не се случува ништо во економијата, туку да се спроведуваат само партиски тендери.
„Ова е вистината. Нема ништо лошо во вклучувањето на Бугарите, Хрватите и другите малцинства во Уставот. Нема ризик, тие се имагинарни непријатели. Ако некогаш се соочиме со некои непредвидени барања, конечно можеме да се повлечеме, а што правиме сега? Седиме и наводно се плашиме дека утре Радев или некој друг ќе ѝ направи нешто на Бугарија што ќе нè загрози, па кој може да ја загрози ако тука имаме национален консензус дека нема да продолжиме со некои работи. И ова е вистината затоа што не сакаат европскиот обвинител да дојде тука. ВМРО-ДПМНЕ- не сака ова да има контрола врз трошењето пари за да има контрола врз другите системи, да го зајакне системот. Само брутална партизација и злоупотреба на институциите. Ова е суштината. Нема друг ризик“, изјави Филипче.
Тој додаде дека важно е граѓаните да бидат информирани за вистинските придобивки од Европската Унија и уставните измени.
„Верувам дека граѓаните не се доволно информирани за тоа што содржи целиот пакет што ќе ни овозможи да ги отвориме поглавјата и да ги добиеме многу посакуваните, очекуваните и неопходните европски средства, од кои граѓаните навистина ќе имаат корист. Да ги вклучиме Бугарите и Хрватите во уставот, да ги отвориме поглавјата, да добиеме пристап до структурните фондови во Европа, што значи 50 до 80 проценти грантови, неповратни средства, да изградиме училишта, болници, патишта, железници тука. Сето ова за што оваа влада сега зема ултраскапи кредити“, рече Филипче.
The post Филипче: Нема ризик од промена на Уставот, вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака контрола од Европското обвинителство appeared first on Во Центар.



