вторник, 24 ноември 2026
Најново

Филипче: Одлично помина првиот ден од вакцинацијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одлично помина првиот ден од вакцинацијата во А1 арената Борис Трајковски, објави вечерва на својот Facebook профил Министерот за здравство Венко Филипче.
– Во просек се вакцинираат околу 300 лица на час или околу 3000 дневно. Денес се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинацијaта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави Филипче.
Тој потсети дека од утре стапуваат на сила поригорозни мерки и повика сите да го дадеме својот придонес во битката со пандемијата.

Поврзани вести