ФИЛИПЧЕ ПОБАРА ДА СЕ КАЗНИ ОРГАНИЗАТОРОТ НА КОНЦЕРОТ НА ПЕТАР ГРАШО ВО ХЕРАКЛЕА ШТО МИНА БЕЗ МАСКИ И ДИСТАНЦА

На концерот на хрватската ѕвезда Петар Грашо во четвртокот, античкиот локалитет Хераклеа во Битола беше преполн, не се одржуваше дистанца, а голем број од присутните не носеа маски. (Фото: Фејсбук)
Министерот за здравство Венко Филипче попладнево преку фејсбук статус побара надлежните инспекции да го казнат организаторот на концерот на хрватската ѕвезда Петар Грашо на античкиот локалитет Хераклеа во Битола. Филипче бара соодветни санкции за организаторот бидејќи не го почитувал протоколот за одржување концерти, кој Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести го подготвувале заедно со организаторите на настани и манифестации. На концерот на Грашо во четвртокот, Хераклеа беше преполнa, не се одржуваше дистанца, а голем број од присутните не носеа маски.


ХЕРАКЛЕЈА ПРЕПОЛНА ЗА КОНЦЕРТОТ НА ПЕТАР ГРАШО, ПУБЛИКАТА БЕЗ ДИСТАНЦА И ПОВЕЌЕТО БЕЗ МАСКИ
„Не можам да го премолчам еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола. Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имав неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50 отсто публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 метар, задолжително носење на маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител“, напиша Филипче на Фејсбук.
Министерот вели дека организаторот на настанот е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.