недела, 15 ноември 2026
Најново

Филипче: СДСМ поддржува покачување на платите, недозволиво е Синдикатот да нема поддршка од владата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ поддржува покачување на платите, недозволиво е Синдикатот да нема поддршка од владата, истакна во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

– Растат трошоците, а нема никаква најава за зголемување на платите за работниците. Синдикатот за првпат после толку години излегува со такво барање и нема соговорник во владата. Во нашата Влада ние бевме тие коишто ги промовираа нивните интереси нивните потреби и ги зголемувавме и платите и минималната и просечната на граѓаните и сега стоиме дека платата треба да порасне. Поднесовме закон кој за жал не се прифати, истакна Филипче.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поврзани вести