Филипче ќе им ги преполови цените на приватните болници за ковид

Приватните болници да наплаќаат од 40.000 до максимум 305.000 денари за лекување на ковид пациентите, е предогот на Владата за решавање на проблемот со клиниките кои со месеци профитираат место да се солидаризираат со пандемијата.
Министерот Венко Филипче вели дека државата е овластена за изедначување со референтните цени од Фондот за здравство и ги повика сите пратеници да ги поддржат измените на законот како, за сумите да бидат издржливи за сите граѓани.
-Државата, освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја, порача Филипче.
Предлог-закон по скратена постапка со слични суми денеска во Собрание поднесоа и пратениците од Левица, Апасиев и Крмов. Според нив приватните болници се должни да отстапат и по 50 легла за најкритичните случаи, да се намалат цените за хемофилтрација, а ПЦР тестовите да чинат најмногу 20 евра. Според нив, предлогот на Филипче нема да им помогне на сиромашните граѓани, бидејќи се ограничуваат само максималните суми, смета Апасиев.
Во приватните клиники десетина дена на интензивен оддел чини меѓу 12 и 15 илјади евра. По апелите од Фиипче, доброволна само Жан Митрев Клиник ги намали цените, а доколку законот помине, тоа ќе биде обврска за сите..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.