Филипче: Ќе повикам на лидерска средба, да го направиме она што навистина треба за државата и семејствата од Кочани

„Во Кочани се случи страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок, од тоа треба да излечеме поука како понатаму да делуваме за да спречиме таква трагедија. Не се потребни само зборови, туку дела и чекори, бидејќи тоа можеме најмалку да го направиме за 60 семејства кои останаа без своите деца но и за другите над 160 повредени во пожарот, особено сега кога гледаме дека се бараат промени“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во хуманитарната емисија на „Канал 5“.

Спорерд Филипче, младите кои излегоа на улица да го покажат своето незадоволство и поддршка за настраданите, не ги интересира минатото, туку сегашноста и иднината.

„Следната недела со Собранието ќе упатам повик за лидерска средба на која ќе го презентирам мојот план за државата. Треба да направиме она што навистина суштински треба да се промени во здравствениот систем, во образованието, во кое децата ќе имаат едукација, систем на вработување во јавната администрација, да разговараме за отворање на европските поглавја бидејќи тоа е единствениот начин да се бориме против корупцијата биејќи таа е главниот виновни за сиромаштијата.

Филипче посочи дека во моментот на луѓето во Кочани, особено на семејствата кои изгубиле деца, пријатели, роднини им е потребна и психолошка поддршка, затоа е добро што Клиниката за психијатрија отоври одделение во градот.

Според Филипче, најголемата помош треба да дојде од Владата, бидејќи на луѓето им се потребни финансиски средства, и затоа според него Владата треба директно да комуницира, но во донирањето треба да учествуваат и големите компании бидејќи имаат општествена одговорност.

Пронајдете не на следниве мрежи: