Повеќе пати јавно и јасно сум кажал дека ВМРО-ДПМНЕ со Мицковски се претвори во српска монета. Недостатокот на идеологија го одбележува периодот од фалсификуваниот конгрес во Валандово во 2017та. Откако без поддршка на делегатите и без конкуренција беше поставен, Мицковски соработуваше во процесот на промена на името и Уставот. Околу себе собра екипа со сомнителен интелектуален капацитет која е просрпски настроена. И самиот тој се обидува да го имитира Вучиќ во однесувањето.
Тоа е многу опасна и сосема неприродна за ВМРО оваа позиција. Секој што ја познава историјата знае дека ВМРО и историски и современо се бореше за независност на Македонија од Србија и Југославија. Промената на политиката според мене се должи на инфилтрирањето на српските интереси директно во врвот на партијата која е водена автократски и без различно мислење.
Српската црква и Порфириј никогаш не се откажале од тврдењето дека Македонија е Стара Србија и дека не постои македонскиот народ. Ништо не се менува во нивното постапување. Искрено јас сум изненаден од Македонската Православна Црква и нејзиното прифаќање на вакво третирање. Постојат информации дека дел од Владиците на МПЦ биле поранешни соработници на тајните служби на Југославија со изразено просрпски ставови. Тие делуваат од внатре од МПЦ и ја амортизираат целосно. Исто така и ВМРО е сосема амортизирана. Резултат е размавнување на српскиот хегемонизам отворено и без никакви проблеми.
Присуството на Додик е голем скандал. Но, тоа не е случајно. Големосрпските радикали го тестираат Мицковски дали воопшто знае за „Српски свет“ и способен ли е да се спротивстави. За жал Мицковски игра по српски ноти, во надеж дека контрирањето со Бугарија ќе го компензира со Белград. Тоа ја доведува Македонија (замолувам да не додавате Северна) во незавидна состојба.
Сигурен сум дека НЕ. Дури мислам и дека таков настан би бил спречен. За жал во Македонија се стимулира анти бугарско расположение. Мислам дека тоа е грешка. Стратешки интерес на Скопје и Софија треба да бидат специјални односи. Македонија мора да влезе во ЕУ и да се симнат границите и тоа со помош и спонзорство од Бугарија. Луѓето сакаат да се движат слободно.
Има. Тие сили сега се во Владата. Тие сили се користат со пропаганда и перење на мозок со државни пари. На тој начин лесно се пласираат наративи. Народот плаќа за да му го перат мозокот, пишува Филип Петровски во анализата за БГНЕС.
Извор: БГНЕС
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.