Филип Петровски: Господе Боже на што се сведе партијата.

Ова е статус на Петровски напишан 24 часа пред судирите во „Белата палата“. Убаво се предвидени и демаскирани настаните што потоа следеа…
Што ти е карма. Пред 10 месеци во казино во Гевгелија, вечерта пред „гласањето“ на Фолк Фест Валандово се славеше изборот на #Жмицко од страна на антуражот на Мијалков. Ние поупатените (што сме виделе конгреси и конгреси) знаевме дека утредента се ќе биде само фарса… И би…
На 2 јуни, ако се сеќавате на митингот што беше најавен во март, ама за мај, #Жмицко беше радосен. И Сашо исто. Се лиферуваа слики од клуб каде се одвивала забава по митингот со Мартин, Ивица… Здивнаа за момент. Успеаја да создадат привид дека членството го „сфарило“…
И сега дојде време да го симнуваат. Да се спинуваат вести од двата табори и тоа крвнички. А Груевски се спрема за затвор. И други. Некои пак само што излегоа од затвор… за да ми сменат вековно име…
Господе Боже на што се сведе партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.