Филип Петровски за Скопје1: Мицковски се замислува дека е премиер, а стотина луѓе му веруваат во Белата палата

„По конгресот во Валандово, кој јас не го признавам, затоа што беше наместен  затоа што делегатите не избраа претседател на партија со слободна воља, туку имаа наредба за кого треба да гласаат. Партијата од тогаш воопшто не личи на ВМРО. Нема јасен став за одбрана на државата и се претвори во партија на кукавици. Она што во 2016 беше ВМРО денеска е СДСМ. ВМРО во 2016 го повикуваше СДСМ, а Американскиот амбасадор  требаше три пати да ги одлага изборите, април, јуни па декември, за да се обиде со поткуп и со разни притисоци да му обезбеди на СДСМ каков – таков поволен резултат. ВМРО тогаш сакаше избори, сега ВМРО не сака избори, затоа што се плашат од пораз, вели Петровски.

Филип Петровски: ПАРТИИТЕ МУ ЈА ДЕРАТ КОЖАТА НА НАРОДОТ!

Петровски вели дека Христијан Мицкосвки се замислува дека е премиер, а стотина луѓе му веруваат дека е премиер во Белата пелата. Внатре тој располага со финансиите од ВМРО ДПМНЕ, стекнати со закон кој го донесоа со СДСМ.

-Овој закон јас не го одобрувам. Овој закон одзема пари од државниот буџет, а ги доделува на партиите. Овој закон мислам дека мора веднаш да се укине, а не беше укинат со овој ребаланс, вели Петровски.

На прашањето Какви односи треба да градиме со западот и какви со истокот, Петовски вели:

-Исток не отпиша, а запад не не запишува,, вели Петровски.

Со бомби се „бијат“ корумпираните политички елити

Тој во видео интервјуто образложува негово гледање на моменталната ситуација за која како што вели дека 99 % од луѓето поради корона кризата не забележаа. За односите на Трамп и Путин и она што во моментов се случува на светската политичка сцена.

На прашањето: Како Македонија да ги задржи односите со западот и како да остане и натаму Македонија? Петровски покажувајќи го уставот вели:

-Ова е уставот на Р македонија, но овој устав минатата година беше променет.На новите копии пишува Устав на Република Северна Македонија. За жал Република Македонија веќе не постои. Свесно со соучешништво на политичките корумпирани елити Р Македонија не постои. И прашање е како да се врати? Бидејќи сите кои се околу Македонија имаат интерес Македонија да не се врати. Тоа се прашања поврзани со историјата. Уставот го сменаа не 8 пратеници на ВМРО ДПМНЕ туку повеќе. За промена на уставот се потребни 80 пратеници. Заев имаше 49, албанци имаше 20, а тоа се 69. Значи не им требале 8 туку 11. А тие ги доби од редовите на нашата коалиција. Е на ова јас се спротиставувам категоричен е Петровски.

На прашањето што мисли кога е најпогогоден момент за избори ставот на Петровски  е следен: вели:

-Мислам дека е подобро да има поскоро избори, од проста причина што треба да има легитимност тој што ќе биде на Власт. За жал немаме реформа на политичкиот систем така што и тој што ќе дојде на власт ќе биде како овој што бил досега. Дали ќе биде Заев пак или Мицскоски исто ќе ни се фати. промена нема да има, категоричен е Петровски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.