Филип Петровски и Павле Богоев вечерва во Само Вистина на Канал 5

Филип Петровски и Павле Богоев вечерва во Само Вистина на Канал 5

Дами и господа, време е за дерби на колото, политиката на Заев или таа на Мицкоски кој доби црвен „картон“ на овие избори, вечерва на единственото место резервирано за Само Вистина, ви носиме две ексклузивни, таа на екс-шарениот пратеник Павле Богоевски и онаа на екс-архиварот Филип Петровски.
Дојде ли време во Македонија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да седнат на иста маса?
Кому Пендаровски ќе му го даде мандатот?
Бројката од 61 станува премал „залак“ за стабилна Влада, на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, чие мнозинство ќе биде постабилно?
Села најави протест против полнење кутии, станува ли тесно сепарето на Илинденска?
Ќе му се извини ли Заев на Ахмети?
Го загуби ли ВМРО-ДПМНЕ старото членство?
Летото е жешко, политичкото пазарење станува уште пожешко, ќе се пребројуваме ли рачно и како ќе заврши ова пост-изборно реално „шоу“?
Вечерва под жешките рефлектори ќе седнат Павле Богоевски и Филип Петровски, а кој ќе ја говори вистината, гледајте во Само Вистина, на Канал 5 Телевизија.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.