Филип Петровски: Кандидат за премиер може да биде само тој што победил на избори!

Политичките прашања стануваат се пожешки со тоа дека се наближуваме до рокот за формирање на Влада.

Водителката го праша Филип Петровски за можноста за албанец Премер и кандидатите од двете најголеми партии, тој јасно и децидно одговори:

-” Јас сум од ВМРО- ДПМНЕ и ќе ви кажам зошто Мицкоски е самонаречен кандидат, тој не е кандидат, тој беше шпицен кандидат на билбордите кои сам си ги редеше.

Кандидат за премиер може да биде тој што победил на изборите со најголем број на пратеници утврдено со Уставот на Република Македонија. Мене ми е жал што тоа не е претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, многу ми е криво и тешко што ВМРО- ДПМНЕ не победи со 200.000 гласови разлика.

Мицкоски не е препознаен како автентичен кандидат и затоа отидоа дел од гласовите во Левица и најголем ден од гласовите апстинираа, затоа што неговата понуда во Скопје беше поранешен министер од кабинетот на Црвенковски, кандидат член на борд на Сорос.”- рече Петровски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.