Филип Петровски: КОРУМПИРАНИ ПОЛИТИЧКИ ЕЛИТИ = КЛЕКНАТА ДРЖАВА НА КОЛЕНА

Кога зборуваме за политичка корупција, природно е да се мисли на изборите кои претставуваат еден дел од политичките активности. Во Република Македонија, општо познато е дека постојат фер, слободни и демократски избори како и во другите демократски држави, но да се запрашаме дали навистина е таква реалноста? Дали живееме во еден слободен демократски свет.
Одговорот е не! Во Република Македонија е познат принципот на патрони и клиенти кој всушност е одраз на вистинското лице на Западот. Дали навистина сакаме да бидеме дел од една земја која е позната по “купувањето на гласови” или е нарекувана како ”партиска книшка за вработување”. Дојде време кога клиентелизмот завзема огромно влијание во нашите животи, време кога изборите и изборните резултати зависат од ваквиот процес. Иако индикациите дека клиентгелистичкото гласање навистина се случува се многубројни, набљудувачките мисии типично се фокусираат на нерегуларностите поврзани со изборниот период. Тука влегуваат само краткорочните поткупи на гласачите кои големите партии ги прават во последен момент, партиски-организираните вработувања и бројните услуги, грантовите и тендерите кои се дистрибуираат по партискик диктат вон изборните циклуси. Националните институции и политичките елити чувствуваат најголем притисок во врска со изборниот процес да организираат “мирен изборен ден”, при тоа занемарувајќи ги појавите кои се случуваат вон изборниот циклус, а кои влијаат на истиот.
Да не дозволиме оваа патронско-клиентелистичка ситуација да ги поткопува принципите на демократската политика. Да не дозволиме на нас, граѓаните на Република Македонија да ни се наметне режим во кој го губиме слободното право на глас. Излезете, дадете го својот потпис и глас на изборите за мене, и ве убедувам дека во Република Македонија повторно ќе завладее ДЕМОКРАТИЈАТА!

Повеќе за ставовите на д-р Филип Петровски ТУКА
Сајтот на д-р Филип Петровски ТУКА
Биографија на д-р Филип Петровски ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.