Ова е фејсбук статус на Филип Петровски во кој се открива дека еден висок функционер на ДПМНЕ до неодамна бил симпатизер на Заев и активно го споделувал на својот профил. Истовремено го напаѓал ВМРО-ДПМНЕ во своите статуси. Статусот на Петровски е поткрепен со повеќе скриншотови кои ќе може да ги прегледате подолу.
Еве бидејќи сите молчите јас јавно да го прашам Мицковски дали знае кого поставува за претседател на комисиите свои? Човекот објавувал со години по фејсбук линкови против партијата, а една објава има и против Мицковски директно околу набавките на струја (го прозиваат за криминални набавки). Па така на неговиот претседател на комисија му пречеле протестите на Заедничка Македонија, му пречело ВМРО генерално, а денеска е претседател на правната партиска комисија. Имате скрин шот од активност која е објавена на официјалниот сајт на ВМРО-ДПМНЕ која потврдува дека е вистинита информацијата.
Да ви кажам право мене не ме чуди ова. ДПМНЕ под водство на Мицко е швајцарско сирење. Добива инструкции за луѓето кои што треба да ги постави. Веројатно така било и за Менкиноски. Ама овој за несреќа заборавил да ги избрише постовите каде што го фали Заев. После ова веројатно ќе го чисти профилот. Но доцна. Дузина луѓе денеска му го прегледаа профилот темелно.
И да не се разбереме погрешно, мене не ми пречи што бил за Заев, мене не ми е јасен Мицко дали знае кој седи во Белата Палата?