Во мошне интересно и информативно интервју вчеравечер Филип Петровски гостуваше кај Васко Ефтов во емисијата ВО ЦЕНТАР. Интервјуто траеше над 100 минути и беа изнесени информации кои се слушнати за прв пат во јавноста.
Па така на прашањето каква била операцијата на Борис Стојменов за рушењето на Владата на Љубчо Георгиевски тој рече: Ми беа понудени стан во центарот на Скопје и пари за да ја напуштам партијата. Со евентуалното преминување и на Милан Ставрев Владата ќе паднеше. Во тоа време бев премногу млад за да ги сфатам тие игри. Но од денешна перспектива може јасно да се препознаат намерите на инволвираните.
Петровски исто така смета дека Груевски конечно сфатил каква колосална грешка направил со кооптирањето на Мицковски и местењето на конгресот во Валандово. „Дотогаш непознатиот за членството на ВМРО Мицковски беше наметнат на наместен конгрес. Последиците за партијата се со несогледлива големина. Мислам дека конечно на Груевски му стана јасно што направил. Посебно ако се земе предвид дека сега неговиот протеже Мицковски најави дека секој што е осуден треба да си одлежи и дека неговата партија нема да интервенира во пресудите од било кој вид“ додаде Петровски во интервјуто.
Пронајдете не на следниве мрежи: