Филип Петровски: Многу луѓе од тесниот круг на Мицкоски се луѓе на Црвенковски и чуваат слика од Бранко!

Многу луѓе што сега се околу Христијан Мицкоски имале слика на Бранко Црвенковски или се луѓе на Бранко, вели Филип Петровски во вечерашната емисија Во Центар која се емитува во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Многу луѓе од семејството на Мицкоски се блиски на Бранко Црвенковски, вели Петровски и додава: Можеби и тие чуваат слика од него, како поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски кој имаше слика од Бранко во студентската соба во Солун.

Петровски прашува во која фирма Мицкоски работел во Белград? Дали таа фирма работела со електрична енергија? Дали имал менаџерски договор од тоа да добива процент?

Зошто тоа не се третира во јавноста, вели Петровски. Овие работи можат со документи да се проверат, вели тој. Зошто медиумите под контрола на Заев тоа не го прават. Јас се сомневам дека ваков Мицкоски им одговара на Заев и владеачката гарнитура. Тие го шамаат како мало дете и се исмеваат со него, смета Петровски.

На тој начин се исмеваат со идеата на ВМРО. Мицкоски бара лидерска средба а тие му велат каква лидерска средба кога ти немаш ниту лидерски концепции ниту лидерски ставови. Буквално и него и партијата ги сметаат за нерелевантен субјект. Дека не се опасни и им одговараат, додава Петровски.

Прават протести со сто луѓе во автомобили и на тоа се смее целото членство, вели тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.