Филип Петровски: Не го валкајте името на Панко Брашнаров, поголемо е од вас многукратно

Вечерва Филип Петровски се обрати до ботовите на Фејсбук кои со лажни профили го обвинија дека е човек на СОРОС!? Човек на СОРОС, да. Да, да добро слушнавте. Поради тоа што се работи за доста интересен одговор го пренесуваме во целост: Добро бе дечки, партиски пацови и недоквакани ботови нели ви пречи да го слоупотребувате името на Панко Брашнаров? Ајде што сте добиле наредба да направите лажни профили ве разбирам, знам како тоа иде „таму“. Сте направиле, сте ги оправдале парите. Ама половично. Требало поинвентивни имиња да изберете. Барем за секунда да се посомнева човек дека се работи за вистински профил кога ме напаѓате по партиска наредба на октроираната врхушка. Вака можам да кажам, математички прецизно, дека сте утнале скроз. Дури и приглупо делува, да ми простите на израз.Да ги вратите парите. А богами, според мои сознанија, го дерете тоа раководството со фиктивни бројки за кампањи, софтвери, лајкови и слично. Во Кочанско…

Еден совет, само вие продолжете да ми правите бесплатен Пиар. Така ги наапавте луѓето што ќе се чудите за цехот. И исрено не ми се пишува ништо повеќе од ова. Само ќе ви приложам слика подолу од 2001 година на фронтот кога СОРОС ме прати да војувам за Македонија. Ама и таму ве немаше мајката. Ни „лидериштето“. Ни тие „глумците“ околу него… Ве гледа народот и членството. Го потценувате и понатака, а ви испрати јасна порака на локалните избори. Имавме најкатастрофален пораз во историјата на партијата. И пази богати СОРОС не ми даде да бидам носител во Скопје. А се разбира за поразот никој не беше виновен… Класика…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.