Филип Петровски: Ова е наш Илинден, ова е наш АСНОМ. Сега или никогаш!

Сите ме прашувате како понатака!? И на сите ви одговорив исто и со еден јасен збор: БОРБА! НЕМА ПРЕДАВАЊЕ!!!
Утре одиме на потпишување на НАЈГОЛЕМОТО СЕМАКЕДОНСКО ЗРУЖУВАЊЕ ЗА СЕНАРОДЕН ОТПОР. 
Ќе се спротивставиме на ПРОМЕНАТА НА УСТАВОТ. Секој добронамерен е добредојден. Раширете глас.
Ќе одиме пред домовите на пратениците да поразговараме со нив. Со свеќи во рака, со транспаренти, со меморандум и јасни барања да не ни го менуваат името (да бидам целосно прецизен, само со демократски методи на протест и коуницирање). Ќе одиме кај Бети, Крсте во Вевчани, охриѓаните…
Ќе излеземе и на улици и ќе ги кренеме бајраците.
Колку што не држи силата ќе се противиме.
Ќе ве повикаме сите заедно со нас да се бориме.
Ете тоа ќе направиме!!! И со БОЖЈА ВОЉА ќе си ја спасиме државата. И историјата и иднината.
Ова е наш Илинден, ова е наш АСНОМ. Сега или никогаш!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.